Ливерпул доживеа нов пораз, петти во последните шест меча.Сега подобар беше Челзи, кој победи 0:1 со голот на Мејсон Маунт во финишот на првото полувреме.

Сепак, се поставува прашањето дали Ливерпул беше оштетен за пенал 48-та минута од натпреварот.

Имено, по едно уфрлување на топката од страна на Фирмино кон центарот на шеснаесетникот Канте играше со рака, но тоа не беше доволно за судијата да досуди најстрога казна за домаќините на Енфилд.