Челзи и Тотенхем одиграа нерешено 0-0 на дербито вечерва во Премиер лигата. Од овој бод е позадовлен Тотенхем со кој се врати на врвот во Англија.

Тимо Вернер постигна гол за Челзи на средбата, но поради офсајд ВАР му го поништи, општ е впечатокот дека Челзи и Тотенхем вечерва разочараа во Лондон.