Во натпревар од третата мексиканска лига, меѓу екипите на Текос и на Атлетико Рејнос, постигнат е најбрзиот автогол во историјата на фудбалот.

Играчите на Текос почнаа од центарот на игралиштето и во пет додавања постигнаа и автогол. За оваа мајсторија им беа потребни само 11 секунди.

Претходното рекордно остварување се случи во Купот на Естонија, меѓу екипите на Левадија и на Пајда, ама тогаш им беа потребни 14 секунди.

Инаку, средбата заврши со катастрофа на Текос, 2:7.