Шеј Гивен на денешен ден во 1997 година дебитираше на голот на Њукасл во Премиер лигата во победата над Шефилд Венздеј од 2:1 на „Сент Џејмс Парк“.

Од Њукасл на официјалниот Твитер профил потсетија на дел од незаборавните одбрани на Гивен против играчи како што беа Тери Анри, Тим Кејхил, Кевин Нолан…

Гивен за Њукасл одигра 354 натпревари пред да се пресели во Манчестер Сити во 2009 година, кариерата ја заврши во Стоук пред три години.