Фернандо Торес најави дека се пензионира, играчот кој во периодот од 2010 до 2013 година освои четири титули, Светско и Европско првенство, Лигата на шампионите  и Европа лигата.

Торес (36) играше за Атлетико Мадрид, Ливерпул, Челзи, Милан… Беше член на фудбалската репрезентација на Шпанија за која запиша 110 настапи.

„Морам нешто важно да ви соопштам, по 18 возбудливи години дојде време да ставам точка на својата кариера„ – напиша Трес на социјалните мрежи.