Хрватската фудбалска федерација ги пушти влезниците за мечот на Хрватска против Унгарија во рамки на квалификациите за ЕП 2020.

Натрпеварот ќе се игра на „Пољуд“ стадионот на Хајдук на 10 октомври. Ова е одлична можност за „коцкестите“ да им се одмаздат на Унгарците кои им го нанесоа единствениот пораз во овие квалификации.

Во продажба се пуштени 33.977 влезници, а заинтерираноста за овој меч е огромна што може да се виде од следното видео.