Гол од корнер како оној легендарниот на Артим Шаќири ретко се гледа, но ваков уште поретко. Во дуелот од втората француска лига, екипата Клермон победи против Шаторо на домашен терен со 2:1, а првиот гол на Клермон беше постигнат директоно од корнер.

Изведувачот на корнерот кој го постигна и вториот гол за својот тим, Џејсон Бертомие веројатно сакаше топката да ја уфрли на првата статива, меѓутоа таа некако го најде својот пат до мрежата.

Да се потсетиме и на еден од најлегендарните голови од корнер, кој е дело на нашиот Артим Шаќири, во дуелот меѓу Англија и Македонија, кога успеа да го шокира легендарниот Дејвид Симан.