Вакви автоголови ретко се гледаат, а последен пат ваков автогол на голема сцена беше оној Гери Невил, кога голманот Пол Робинсон ја промаши топката на Максимир во Загреб.

Слично нешто се случи и на мечот од српската Суперлига. Таму голманот на Мачва Милош Гордиќ мораше да ја вади топката од својата мрежа уште пред да започне втората минута. Еден од одбранбените играчи му ја врати топката и се чинеше се ќе биде лесно, но не беше така. Голамот ја промаши топката и таа продолжи кон голот.

Во оваа прилика може да се потсетиме и на тој легендарен автогол на Гери Невил, по големата грешка на Пол Робинсон.