Со песната на Нада Топчагиќ „Утро е“, во класичен балкански стил, Златан Ибрахимовиќ го започна настапот како ко-водител на еден најдобрите светски фестивали Сан Ремо.

Токму со оваа песна тој пред извесно време беше вистински хит на социјалните мрежи, откако на Инстаграм реши да прослави со „Утро е“, а сега одлучи Нада Топчагиќ да заврши и на Сан Ремо.