Забраните, мерките и ковид протоколите како да не постоеја денеска во Тетово. Забраната за присуство на трибините не беше испочитувана од фановите на овој клуб Балисти, кои влегоа на трибините на стадионот во Тетово, со цел да ја прослават титулата која ја освои Шкендија.

Покрај тоа не се почитуваше мерката за забрана за присуство на навивачи на трибините, на стадионот во Тетово можеше да се забележи и дека фановите кои влегоа, во најголем број немаа маски на лицата.

Средбата беше прекината десетина минути, со одлука на делегатот, но на крајот сепак се одигра.

Инаку, да потсетиме пред 2 месеци полицијата и пазарната инспекција имаа акција во салата на Вардар, Јане Сандански, кога ја испразнија бидејќи внатре имало 150 луѓе кои го следеле мечот против Мешков Брест. Тогашниот директор на Пазарната инспекција, Стојко Пауновски, кажа дека биле преземени соодветни законски мерки.

„Публиката е испразнета со полицијата, а од наша страна се преземени соодветните законски мерки против организаторот. Ракометниот натпревар бил меѓународен меѓу екипите на Вардар и Брест“– изјави тогаш Пауновски