Првата ракавица на „Старата Дама“, Војчех Шчесни стави потпис на нов четиригодишен договор потврди првакот на Италија.

Шчесни по пристигнувањето во Торино пред две ипол сезони постави рекорд со 28 натпревари без примен гол од вкупно 61 настап.

Со ова Јувентус ја потври најавата дека верува во квалитетите на Војчех Шчесни и нема намера да бара нов голман и покрај најавите дека во летниот преоден рок ќе тргне по Аризабалага од Челси.