Навивачите на фудбалската репрезентација на Англија, јасно порачаа на социјалните мрежи дека Саудгејт добро треба да размисли дали повторно да го повика Крис Вокер во националниот состав.

Ова доаѓа по непромислениот и глуп старт на десниот бек на Манчестер Сити по кој доби црвен картон на гостувањето кај Лајпциг во Лигата на шампионите, во ситуација кога „Граѓаните“ беа во негатива од 2:1.