Во сенка на големото дерби меѓу Борусија Дортмунд и Шалке, се одиграа останатите четири натпревари од 15:30 часот во 26 коло од Бундес лигата која продолжи по паузата поради Ковид-19.

Волфзбург со голот на Гинчек во 91 минута славеше победа на гостувањето кај Аугзбург со 2:1.

 

Херта го изненади Хофенхам со 3:0 на „ПреЗеро Арената“Акгогума постигна авгол во 58 минута, на 2:0 зголеми Ибишевиќ а конечните 3:0 беа дело на Чуна во 74 минута.

 

Лајпциг и Фрајбург ремизираа 1:1, на домаќините бод им донесе Поулсен во 77 минута.

Диселдорф и Падерборн ремизираа без голови.