Фудбалерите на Волфзбург се изборија за убедлива победа од 4:1 на гостувањето на „Бај Арената“ кај Баер Леверкузен во натпревар од 28 коло во Бундес лигата.

Натпреварот кој требаше да понуди неизвесност само ја потврди најавата дека без публика на трибините, домашниот терен не носи никаква предност.

Понграчич (два гола), Арнолд и Штефен ги постигнаа головите за гостите за домаќинот намали Баумгарлигер во 86 минута.

 

Ефикасно беше во Франкфурт каде Ајнтрах со голот на Чандлер во 82 минута се спаси од пораз против Фрајбург, мечот заврши 3:3.

На третниот натпревар од вечерниот тремин, Вердер Бремен и Борусија Менхенхладбах ремизираа без голови, предходно Баерн Минхен славеше кај Борусија Дортмунд во дербито на денот со 1:0 со маестралниот гол на Кимих.