Натпреварот на „Амекс Стадион“ меѓу Брајтон и Вотфорд заврши без победник 1:1 и со ова продолжи проблематичната сезона на тимот кој во моментов го предводи Персон.

Вотфорд одлично го започна мечот а доминацијата во првото полувреме ја круниса со гол преку Дакур во 19 минута.

На ова Брајтон одговори одлично, ја презема иницијативата во вториот дел и благодарение на автоголот на Мариапа во 78 минута се избори за важен бод во битката за оопстанок во Премиер лигата.

Вотфорд по денешното реми остана на предпоследното место на табелата со 24 бода додека Брајтон се искачи на 15 место со 27 бода.