Милан и Лацио играат возбудлив натпревар на „Сан Сиро“, по првиот дел резултатот е 1-1.

Екипата од Рим поведе со голот на Имобиле во 25 минута за предност 0-1.

Милан стигна до израмнување со автоголот на Бастос во 28 минута. Ова е натпревар од 11. коло во калчо лигата, Милан има само една победа на последните три натпревари, Лацио е во серија од две победи во низа.