Актуелниот првак на Европа успеа и со половичен состав да остане непоразен нагостувањето кај Атлетико Мадрид откако ремизираше со 1:1.

Феликс ги доведе во водство домаќините во 26 минута, Баерн Минхен освои бод со голот на резервистот Милер од пенал во 86 минута.

По ова реми, Атлетико Мадрид остана на второто место на табелата и за пласман во осминафиналето ќе му биде доволно и реми против Салзбург.