Реал Мадрид ја совлада Осасуна со 2:0 и со ова се искачи на првото место на табелата во Ла Лига по денешното реми на Леганес и Атлетик Билбао од 1:1.
Виничиус и Родриго ги постигнаа головите за „Кралевите“ кои денеска настапија без неколкумина првотимци а без минути останаа Бензема и Азар.
Валенсија ја комплетираше денешната програма во Шпанија. „Лилјаците“ водеа со 3:1 првото полувреме па му дозволија на Гетафе да освои бод на „Местања“, мечот заврши 3:3.
Comments are closed for this post.