Руи Патрицио е херојот на Вулверхемптон во финалето против Манчестер Сити од „Трофеј Азија“. Волците славеа по изведувањето на пенал рулетот со 3:2 а нивниот голман одбрани два удари од белата точка.

Во регуларниот дел немаше голови а Пеп Гвардиола по мечот потврди дека противникот ја заслужил победата поради борбеноста и пристапот кој го имал за време на мечот.