Потенцијалниот репрезентативец на Италија, Патрик Куртоне од денеска е нов фудбалер на Вулверхемптон. Премиерлигашот на Милан му исплати 18 милиони евра а со напаѓачот потпиша четиригодишен договор.

„Задовoлен сум што ќе бидам во клуб кој вистински ме посакуваше. Дојдов да играм фудбал и сега мора да се прилагодам. Фановите мора да знаат дека со нетрпение очекувам да истрчам на теренот и ја очекувам нивната поддршка“ – изјави Кутроне.