Вулверхемптон го совлада вечерва Кристал Палас со 2-0 во воведниот натпревар од 7 коло во Премиерлигата.

Домаќините поведоа во 18 минута преку Ноури, а Португалецот Поденс го запиша својот прв гол сезонава во 27 минута.

Со вечерашниот триумф, „волците“ стигнаа до 13 бодови, колку што има и водечката двојка Евертон и Ливерпул, но со натпревар помалку.

Дербито на колото во Англија се игра в недела кога Манчестер јунјатед го пречекува Арсенал.