Игор Ангеловски одлучи да им даде шанса на играчите кои не често се во почетниот состав на Македонија на гостувањето во Талин кај Естонија и тоа се покажа како неправилен потег, барем по првите 45 минути.

Откако Куск си го совлада сопствениот голман во 3 минута, Естонците го подигнаа темпото а Македонија немаше решение за брзата игра на домаќините.

Во 33 минута Сапинен успеа да го совлада Шишковски а Зајков и Ристовски не можеа ништо повеќе да сторат во обидот да спречат израмнување.

По првото полувреме, Естонија е подобриот противник, Македонија има уште 45 минути да го поправи впечатокот во Талин против селекцијата која нема победа 11 натпревари по ред.