Репрезентативецот на Италија, Николо Заниоло покажа дека не се уште не е доволно зрел за да ги игнорира провокациите од навивачите.

По поразот на Рома од Лацио од 3:2, Заниоло на патот кон соблекувалната реши да ги „поздрави“ навивачите држејќи се за меѓуножјето, што наиде на низа критики од јавноста во Италија.