Аталанта го победи Милан со 3-0, лидерот во калчо лигата не делуваше добро, заслужено загуби, Запата го постигна третиот гол за екипата од Бергамо.

Запата го пецна Ибрахимовиќ, во финишот му порача на Швеѓанецот дека Милан секогаш сака да добива пенали по што доби „вообичаен“ одговор од Ибра кој беше уловен од камерите.

„Имам постигнато повеќе голови отколку што имаш ти натпревари во кариерата“ – порача Ибрахимовиќ.