Аталанта и го нанесе првиот пораз на Рома во новата сезона од Серија А откако вечерва славеше на „Олимпико“ со 2:0.

Дуван Запата го постигна единствениот гол на мечот користејќи ја првата негова шанса во 71 минута, 11 минути по влегувањето во игра.

Новото засилување на Рома, Крис Смолинг немаше сили но и фудбалска мудрост да го спречи Запата да го отвори резултатот.

Конечните 2:0 за гостите ги постави Де Рон со гол во 90 минута.