Фудбалерите на Џенова во кој настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев загубија на домашент терен со 1-2 од Аталанта во рамки на 3 коло од Серија А.

Пандев натпреварот го започна од клупата, а шанса доби во 80 минута. Резултатот го отвори Муриел за тимот од Бергамо во 64 минута, додека домаќините во 91 преку Кришито со удар од белата точка израмнија.

Кога сите мислеа дека мечот ќе заврши без победник Аталанта со голот на Запата во 95 го освоија целиот плен.

Ова е прв пораз за Џенова во новата сезона, откако во првите две кола забележаа една победа и еден нерешен резултат.