Најефикасниот тим во Серија А, тимот на Аталанта стигна до нов убедлив триумф, а овојпат настрада Лече кој загуби со 2-7.

Тимот од Бергамо беше предводен од Дуван Запата, кој беше автор на три од петте погодоци во мрежата на Лече. Домаќините во првиот дел добро се носеа со фаворитот и на полувреме отидоа со резултат од 2-2, но гостите преку разиграниот Запата не им дозволија да дојдат до поволен резултат.

До крајот на мечот по една во листата на стрелци се запишаа и Малиновски, Муриел и Иличиќ.