Фудбалерите на Ливерпул го претрпеа првиот овосезонски пораз во Премиер лигата откако беа надиграни на гостувањето кај Вотфорд со 3:0 во 28 коло.

Ливерпул настапи во најсилниот состав, но делуваше немотивиран, спор и далеку од тимот кој доминира оваа година во Англија.

Сар во 54 минута и во 60 минута го совлада Алисон а конечните 3:0 беа дело на Дини во 72 минута.

 

 

Со ова, рекордот на Арсенал (шампион во Премиер лигата без пораз во 2004 година) ќе остане во игра најмалку уште една година.

За Вотфорд ова беше важна победа во трката за опстанок во елитата на Англија.