Екипата на Зенит вчера во руското првенство успеа да ја освои шампионската титула на три кола пред крајот на сезоната.

Головите за тимот на Зенит ги постигнаа Џуба (19, 51), Азмун (39, 45 + 3, 46) и Малком (68), единствениот погодок за московјаните беше Камана (57).

Ова е 16 титула за екипата на Зенит и трета последователна во последните три години.

Она што радува повеќе од сè, се 39.793 навивачи на „Гаспром арена“. Беше убаво да се слушне тој татнеж од трибините кој повеќе од една година речиси е заборавен на сите фудбалски стадиони.

На оваа арена е предвидено да се играат и натпреварите од ЕВРО 2020 но со помал капацитет на публика.