Антони Конте уште долго ќе анализира што се случи на стартот од второто полувреме во дуелот со Парма од 6 коло во Серија А.

Аутсајдерот водеше со 2:1 до 92 минута, а од срамен пораз тимот од Милано го спаси Перишиќ со гол во 92 минута за конечни Интер – Парма 2:2.

Првото полувреме не донесе голови, но затоа на стартот од вторитот дел Парма доаѓа до предност со маестралниот гол на Жервињо во 46 минута.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска, својот втор овосезонски гол во Серија А во петиот настап го постигна во 62 минута по додавањето од Инглесе.

За неизвесен завршен половина час се погрижи резервистот Брозовиќ кој влезе во игра во 59 минута а во 64 го совлада голманот на Парма. По што следуваше и израмнувачкиот гол на Перишиќ во 92 минута.

Во следното коло Интер ќе и гостува на Аталанта а Парма ќе ја дочека Фиорентина.

Standings provided by SofaScore LiveScore