Реал Мадрид вчера беше сензационално елиминиран од третолигашот Алкојано во Купот на Кралот, загуби по продолженија со 2:1 иако играше со играч повеќе во последните 10 минути.
Срамот е голем за „кралскиот“ клуб, најмногу критики има за тренерот Зинедин Зидан, Французинот „преживеа“ и не доби отказ, но сеирот на социјалните мрежи е голем.
Камерите ја „уловија“ реакцијата на Зидан по примениот гол во 115 минута, му се смее цела Шпанија на иронијата која ја имаше на лицето по голот со кој е елиминиран Реал.
Comments are closed for this post.