Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан одлучи да не ја коментира ситуацијата од првото полувреме, конкретно моментот кога Ернандез можеше многу лесно да досуди пенал за „Кралевите“.

„Не сакам да коментирам. Знаеме дека на сидуите им е тешко и треба да ги почитуваме нивните одлуки. Не можеме сите да зборуваме за тоа, одговорноста е на тој кој ја носи одлуката.“ – вели Зидан.

За разлика од него,навивачите на Реал Мадрид на социјалните мрежи имаа гневни испади кон судијата и прашуваа зотшо не досудил пенал.

Натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид заврши нерешено 1:1.