Голема победа на Ренова во дербито за опстанок против Силекс во Тетово. Клубот стигна до три злато вредни бодови, кои најверојатно на крајот можат да бидат и клучни за прволигашниот живот на тимот од Џепчиште.

Ренова сите работи ги реши уште во првото полувреме, кога поведе со 2:0. Прво стрелаше Шефити во 12-тата минута, а за дуплирање на предноста стрелаше Јусуфи во 38-та минута.

Конечните 2:1 беа поставени во 90-тата минута.

Со оваа победа Ренова го помина Силекс на табелата и сега се на деветтата позиција со 31 боди, додека пак Силекс падна на 10-тата со 29 бода. Вардар има 28 и е прв во најцрвената зона.

Standings provided by SofaScore LiveScore