На натпреварот од руската Премиер лига, на стадионот кој прима повеќе од 30 илјади навивачи, краток прекин на мечот предизвика змија.

Ахмат Грозни и Сочи се сратнаа во второто коло од најсилното фудбалско првенство во Русија, кога во седмата минута судијата побара помош од редарите како би ја трнгале змијата од теренот.

Играчите и публиката не сфатија веднаш за што се работи, па прво се прашуваа зошто трае прекинот, а потоа кога пристигнаа редарите забележаа дека змија е крива за кратката пауза.

Сочи на крајот како гостин славеше со 2:1 и дојде до првата победа во новата сезона.