Диего Симеоне остана доследен на зборот. Атлетико Мадрид го сруши клупскиот рекорд и плата 127.2 милиони евра за  трансферот на Жоао Феликс од Бенфика.

Пред една седмица беа договорени лични услови со играчот а денеска беше и формализиран трансферот на 19 годишниот напаѓач кој допрва ќе треба да ја потврди неговата вредност на пазарот.

Ова значи дека Гризман во следните неколку дена ќе биде продаден во Барселона. Атлетико Мадрид денеска го потврди ангажманот на Херера од Порто како и продажбата на Родри во Манчестер Сити.