Фудбалерот на Севилја, Жоао Малек кој предизвика сообраќајна несреќа во близина на Гвадалахара, Мексико, во која животот го загубија две лица, е обвинет за убиство.

Малек, според медиумите од Шпанија, бил под дејство на алкохол, возел брзо и е виновен за сообраќајната несреќа, ќе биде обвинет за убиство на двајца млади сограѓани на возраст од 35 и 26 години кои се жртви на невниманието на фудбалерот на Севилја. Малек е пренесен во локална болница и не е во животна опасност.

Мексиканецот Малек, во Севилја дојде од Порто, има 20 години и се соочува со строга затворска казна.