Филипе Луис во новата сезона ќе го гледаме во Фламенго. Тој потпиша договор на 2,5 години откако не ја продолжи соработката со Атлетико Мадрид.

На официјалната промоција во новиот клуб се случи неочекуван гаф, на еден од новинарите му заѕвони мобилиот телефон а рингтонот е извадок од порно филм. На ова следуваше гласно смеење од сите присутни, но едно е јасно, да не си му во кожата на новинарот.