Фудбалската репрезензација на Египет ја забележа втората победа на Купот на Африканските нации откако во вториот меч од второто коло на групата А триумфираа со 2-0 против селекцијата на ДР Конго.
Натпреварот беше решен уште во првиот дел каде најпрво фудбалерот на Астон Вила Елхамади ги доведе домаќините во водство од 1-0 во 25 минута од мечот.
Кончените 2-0 ги постави најдобриот фудбалер на Египет,Мохамед Салах со гол во 40 минута.
На табелата во групата А попларните “фараони” се први со максимални шест бода од два натпревари.
Be the first to write a comment.