Четвртото коло во Серија А го обележа градското дерби на Милано помеѓу Милан и Интер кое им припадна на „нероаѕурите со 0-2. Со своја анализа за овој меч излезе легендарниот Бобо Виери.

„ Од тоа што го видов во саботата, можам да кажам дека немаше никаков натпревар. Немаше натпреварувачки меч. Бевме сведоци на одлично издание на Интер, што беше и за очекување после бледото издание во Лигата на шампионите. Беше очекувано да пристапат со голем интензитет, со агресивност, со пресинг и со огромна желба. Од друга страна пак, го имавте Милан кој не направи речиси ништо. Ја имаа само шансата на Сусо. Ако не беше Донарума, Интер ќе победеше со 5 или 6:0. Лукаку постигна одличен гол и веднаш ни докажува дека Конте беше во право што го сакаше по секоја цена“ – изјави Виери.

Славниот италијански голгетер во својата кариера ги облече дресовите на двата лути ривали, но далеку поважен учинок оствари во Интер каде играше во периодот од 1999 до 2005. година.