Кристијан Виери говореше за италјанските медиуми околу ситуацијата во Милан и Звонимир Бобан, кој се шпекулира дека нема да е веќе спортски директор на „Росоњерите“.

Виери застана во одбрана на Бобан и смета дека тој е во право.

„Бобан постапи како што треба. Газидис разговарал со друг тренер како тоа да е негова работа. Кој е воопшто тој Газидис? Што прави тој во Милан? Бобан и Малдини требаше да ја имаат таа улога. Бобан не можеше да го прифати тоа. Мораш да покажеш карактер во животот, Бобан е таков, тој е човек кој се ќе ти каже во лице“- изјави Виери.