Поранешниот репрезентативец на Италија и легенда на фудбалот во Серија А, Кристијан Виери ја прокоментира моменталната ситуација која владее на Апенините.

Властите на Италија одлучија да ги суспендираат сите спортски настани до 3 април а постои можност оваа одлука да биде дополнета со нов рок до крајот на следниот месец.

„Не може да играте фудбал без навивачи. Коректно е да биде стопирана Серија А, сега мора да размислуваме за Италијанците. Спортот не постои во овој момент, важни се само луѓето и нивното здравје. Мора да останеме во своите домови.“ – изјави Виери.