Поранешната звезда на италијанскиот фудбал Кристијан Виери изјави дека Лионел Меси е волшебник со топката и оти ќе престане да гледа фудбалот кога Аргентинецот ќе се пензионира.

Кога Меси ќе ја заврши кариерата, ќе го фрлам телевизорот. Тоа е тоа, бидејќи кога тој ќе се повлече повеќе ќе нема ништо за гледање во фудбалот, попрво ќе гледам Netflix“, изјави Виери за CBS Sports.

Поранешниот играч на Јувентус, Интер и Милан остана импресиониран од играта на Меси и Барселона во вчерашниот триумф над ЈУвентус од 2-0 во Лигата на шампиони.

Барселона беше фантастична, можеше лесно да постигне шест – седум голови“, ијзави Виери.