Легендарниот напаѓач на Италијанската репрезентација и бројните европски клубови, Кристијан Виери, го коментираше офанзивниот играч на Фиорентина, Душан Влаховиќ и му предвиде многу успеси  во следната сезона.

Централниот напаѓач на српската репрезентација постигна 21 гол на 37 натпревари за „Виола“ во Серија А минатата сезона.

„Влаховиќ е најдобриот напаѓач во Европа во својата генерација по Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд“, изјави Кристијан Виери за италијанскиот весник „Газета дело спорт“.

Поранешниот фудбалер на Партизан во моментов преговара со тимот од Фиренца за продолжување на договорот што истекува во 2023 година, а доколку преговорите пропаднат, за очекување е тимот од стадионот „Артемио Франки“ да го продаде, бидејќи има многу заинтересирани тимови.

„Влаховиќ е врвен напаѓач и следната сезона лесно повторно ќе постигне повеќе од 20 голови“, рече голгетерот, кој одигра 49 натпревари за Италијанската репрезентација и постигна 23 гола.

Италијанските медиуми наведуваат дека во случај на продажба на 21-годишникот Фиорентина ќе добие околу 70 милиони евра како компензација.

Во кариерата, која траеше од 1991 до 2009 година, Кристијано Виери играше за Торино, Пиза, Равена, Венеција, Аталанта во три наврати, Јувентус, Атлетико Мадрид, Лацио, Интер, Милан, Монако, Сампдорија и Фиорентина.