Барселона на својот официјален сајт ја потврди информацијата дека Виктор Валдез веќе не е тренер на младинскиот тим на каталонците, по само три месеци откако ја превзеде таа функција.

Причина за ова се недоразбирањата на Валдез со директорот Патрик Клајверт со кого за малку не влегол во физички конфликт.  Барса веќе нашла и замена за него, Франц Атига, кој исто така е тренер во академијата на Барселона.

Валдез е најуспешниот голман во историјата на Барселона со 539 натпревари и дури 21 трофеј меѓу кои и шест титули во Шпанија и три во Лигата на шампионите.