Фудбалскиот клуб Работнички од Скопје денеска потпиша со 23-годишниот Виктор Велкоски кој настапува како играч од средината на теренот.

Велковски стави потпис на едногодишен договор со скопскиот тим и веќе се стави на располагање на шефот на стручниот штаб на романтичарите Александар Влахо.

Последен клуб за кој настапуваше Велкоски беше Егиниакос од Грција, а претходно во неговата кариера играше за Вардар, Пелистер, Љубанци и Скопје.