Франк Лампард во следната сезона нема да може да смета на Вилиан откако крилниот напаѓач за островските медиуми потврдил дека има други планови.

Понудата за продолжување на договорот на една сезона е навреда за Вилиан кој очекувал тригодишен договор и поради ова нема намера да остане на „Стенфорд Бриџ“.

Поради кризата од Ковид-19, Вилиан се согласил да потпише само краткорочно продолжување на договорот кој му истекува на 1 јуни, односно новиот договор да важи само до крајот на оваа сезона во случај таа да се доигра.

По ова Вилиан ќе си замине од Челси а како следна дестинација е издвоен Тотенхем, иако не се исклучува можноста Бразилецот да премине во Арсенал.