Играчот од средниот ред на Челси, Вилијан, по крајот на оваа сезона му завршува договорот со „сините“ од Лондон. Бразилецот истакна дека не е сигурен што ќе се случи во иднина, но дека првенствено ќе гледа да остане на „Стемфорд Бриџ“.

„Не сакам да комуницирам со други клубови, затоа што имам договор до крајот на сезоната. Јас сум играч на Челси, само сакам да кажам дека клубот знае што ми треба. Искрено, среќен сум овде, среќен сум што играм за овој клуб, но тоа не зависи од мене. Чекам понуда од клубот, тие знаат што сакам“– изјави Вилијан.

Оваа сезона Вилијан одигра 12 натпревари за Челси и постигна два гола.