Италијанскиот фудбалски клуб Наполи потврди дека шпанскиот фудбалер Раул Албиол (33) го напушта „Сан Паоло“ и се враќа во Шпанија каде ќе потпише со екипата на Виљареал.
Според информациите на италијанските медиуми Виљареал го купил Албиол од Наполи за 5 милиони евра и дека со овој играч потпишаа тригодишен договор.
Замена за Раул Албиол во одбранбената линија на италијанскиот вицешампион ќе биде Костас Манолас кој направи трансфер од тимот на Рома.
Be the first to write a comment.