Познатиот фудбалски судија од Словенија, Славко Винчиќ е главна тема низ медиумите на Балканот, откако вчера беше уапсен  во полициска акција во Босна и Херцеговина, поради сомнение за организирање на проституција.

Покрај него беа уапсени уште десетина лица, меѓу кои и старлетата Тијана Ајфон. Сепак, Винчиќ за медиумите даде изјава во која ја објасни целата ситуација и во моментот е пуштен на слобода.

„По состанокот со деловните партнери следеше повик за прослава, на кој одговоривме потврдно., По полициската рација, повикани бевме на информативен разговор, каде што објаснив дека тие луѓе не ги познавам, по што ми дадоа дозвола да се вратам дома и во моментов сум во Словенија“– изјави Винчиќ.