Бразилскиот фудбалер Винициус Жуниор, следната сезона ќе ја почне како член на вториот тим на Реал Мадрид. кој се натпреварува во третото по ранг натпреварување во Шпанија, а го води легендата на кралскиот клуб Раул Гонзалес.

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан изненади со одлуката по која 19-годишниот Винициус е преселен во вториот тим.

Според правилата на Ла лига, доколку Винициус сезонава одигра 10 натпревари за првиот тим на Реал Мадрид, нема да има право да се врати во Кастилја. Винициус минатата година на 18 натпревари одиграни за Реал Мадрид успеа да постигне два гола.

Заедно со Винициус во Б-тимот на Реал е префрлен и вториот млад бразилски фудбалер Родриго кој во кралскиот клуб дојде оваа лето